Директорот Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека пандемијата на корона вирусот има „катастрофално“ влијание врз лекувањето на болните од рак.

Како што нагласи Клуге, пандемијата предизвикува сериозни нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона.

Влијанието на пандемијата врз третманот на карциномот во регионот не може да се нарече поинаку од катастрофа – истакнува Клуге, по повод Светскиот ден на борбата против ракот.

Меѓу 53 земји опфатени со СЗО за Европа, каде што се вклучени и неколку земји од Централна Азија, една од три земји има делумно или целосно суспендирани услуги за пациентите со карцином поради мобилизација против панемија на корона вирусот или ограничувањата на патувањата.

Исто така, имаше недостиг на лекови против рак во некои земји и многумина имаат значително намалување на новодијагностицираните случаи на рак, дури и во најбогатите земји – наведува Клуге, истакнувајќи дека има натамошно влошување на нееднаквоста поради економската криза.

При првото затворање во пролетта 2020 година, Во Холандија и Белгија бројот на регистрирани нови случаи на рак се намалил за 30 до 40 проценти, додека во Киргистан во април минатата година таа бројка се намалила за 90 проценти.

Според СЗО, во Велика Британија, одложувањата во дијагностицирањето и лекувањето може да ја зголемат смртноста од рак на дебелото црево за 15 проценти, додека смртноста од рак на дојка може да се зголеми за девет проценти во следните пет години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.