Во првата половина на 2021 година во сообраќајни несреќи во САД загинале повеќе од 20.000 луѓе, што е околу 18 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Според статистиката објавена од Националната администрација за безбедност на патниот сообраќај, во првите шест месеци годинава во сообраќајни незгоди загинале 20.160 лица или за 18,4 отсто повеќе од 17.020 загинати во првото полугодие лани.
Пит Бутиџич, министер за транспорт на САД, ги коментираше овие бројки и ваквата ситуација ја нарече „криза“.
На брифингот за новинарите во Белата куќа, Бутиџич го коментираше и новиот закон за обнова на инфраструктурата на САД, при што истакна дека дел од парите што неговото министерство ќе ги добие со неодамна изгласаниот закон од Конгресот во висина од 1.2 трилиони долари, ќе бидат наменети и за да се одговори на расната дискриминација во дизајнот на американската патна мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.