Американската Агенција за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести ја укинаа паузата за употреба на вакцината на Џонсон&Џонсон, соопшти Агенцијата за храна и лекови.

Соединетите држави можат веднаш да продолжат со употребата на вакцината Џонсон&Џонсон, соопштија врвните здравствени регулатори, завршувајќи ја десетдневната пауза за да се истражи врската помеѓу вакцината и исклучително ретките, но потенцијално смртоносни тромбови.

Американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Агенцијата за храна и лекови во заедничката изјава велат дека здравствените системи и примателите на вакцини ќе бидат предупредени за ризикот од потенцијално фатален синдром, кој вклучува сериозни тромбови и ниски тромбоцити.

Агенциите ја донесоа одлуката по состанокот на надворешни советници на ЦДЦ, кои препорачаа да се прекине вакцинацијата со вакцината на Џонсон&Џонсон. Одлуката следеше по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

Повеќе не препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на брифинг за новинарите, додавајќи дека вакцината може да се користи веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.