Американскиот експерт за заразни болести и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи, најави дека трета доза на вакцината против корона вирус во САД ќе биде препорача за оние граѓани коишто имаат послаб имунолошки систем.
Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести.
Фаучи соопшти дека одобрувањето за третата доза ќе го даде Федералната администрација за лекови.
Тој додаде дека одлуката за третата доза за другите вакцинирани ќе биде донесена откако ќе се испита колку долго трае имунитетот. Фаучи истакна дека засега нема потреба од дополнителни дози за луѓе кои немаат ослабен имунолошки систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.