Бразилските власти започнале во понеделникот истрага откако од постамент во Рио де Жанеиро е украдена статуа тешка 400 килограми, поставена во чест на првиот бразилски претседател.
Грабежот на два метра високата бронзана статуа која ја претставува мајката на маршалот Маноел Деодоро да Фонсека, претседателот на Бразил од 1889 до 1891 година, на полицијата во понеделникот го пријавил бирото за споменици на Рио, пренесуваат локалните медими.
Маркони Андраде од навладината организација SOS Patrimonio изјавил дека споменикот, во кој се и посмртните останки на првиот бразилски претседател и на неговата сопруга, повеќепати биле изложени на напади.
Додал и дека во бирото за споменици во Рио де Жанеиро нема доволно средства за соодветна заштита на градските споменици, кои крадците најчесто ги крадат за да ги растурат на парчиња, бидејќи најчесто се од бронза и ги препродаваат.
Деодоро да Фонсека бил и политичар кој во 1889 година станал прв претседател Бразил, откако со воен удар го соборил царот Педро Втори и прогласил република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.