Најмалку 20 вработени во палатата на авганистанскиот претседател се позитивни на новиот коронавирус, соопштија двајца владини претставници за француски медиуми. Властите не ја потврдија ниту демантираа таа информација досега.
Дваесет лица во претседателската палата се заболени од Ковид-19“, изјави претставник на авганистанската влада за француски медиуми, додавајќи дека тоа „се крие за да се спречи паника“.
Друг официјален претставник го потврди бројот, додавајќи дека уште 12 се откриени меѓу вработените во административната канцеларија на претседателот Ашраф Гани. Засега нема информации од властите дали претседателот Гани (70) е заразен.
Не можам тоа да го потврдам ниту демантирам, изјави Вахид Мајар, портпарол на Минстерството за здравство.
Како што пренесува Гардијан, Гани ги прекинал речиси сите контакти во живо со персоналот, работи преку дигитални платформи, и се среќава со многу тесен круг соработници. Се верува дека вирусот навлегол во претседателската палата преку контаминиран документ од друга институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.