Во пожар во ковид-болница во Багдад загинаа најмалку 82 лица, јавуваат светските медиуми.
Пожарот најверојатно се случил откако експлодирала боца со кислород, при што најмалку 110 лица биле повредени.
Пожарот почнал на одделението за интензивна нега, каде што се вршеле белодробни реанимации. Околу 30 пациенти биле сместени на одделението, кој е резервиран за најсериозните случаи на ковид-19.
Министерството за здравство кажа дека најмалку 200 луѓе се евакуирани од болницата, вклучувајќи и пациенти, а точната бројка починати дополнително ќе биде утврдена.
Во Ирак дневната бројка на новозаразени е околу 8.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.