Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните граѓани.
Властите наведоа дека сите патници кои доаѓаат во земјата, дури и оние кои се целосно вакцинирани, мора да приложат негативен тест при пристигнувањето, пишува „Ројтерс“.
Не е важно колку е успешна програмата за вакцинација.
Треба да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик. Гледаме значително зголемување на бројот на нови случаи во ЕУ, а Португалија не е остров“, изјави премиерот Антонио Коста.
Тој најави дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за коронавирус кога влегуваат во ноќни клубови, барови, настани и домови за стари лица, а носењето маски во затворен простор повторно е задолжително. Португалија е една од државите со највисок процент на вакцинирани жители, и повторно воведува некои ограничувања за да го спречи растот на инфекциите со коронавирусот.
Во Португалија над 18.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.