Маж во Париз, кој им се заканил на полицајци со нож бил застрелан и починал од здобиените повреди, пренесува телевизијата „БФМТВ“.
Како што претходно објави префектруатра на париската полиција, човекот на полицајците им се заканувал со студено оружје бил „неутрализиран од службени лица од органите за спроведување на законот“.
Според информациите на телевизијата, по повторените повици да го одложи оружјето, полициските службеници неколкупати стрелале во мажот. Тој бил погоден со неколку куршуми, но останал свесен, заканувајќи се дека ќе ги убие полицајците. Околу 11,30 часот мажот починал од здобиените повреди.
Кај напаѓачот не биле најдени никави документи за индентификација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.