Владата на премиерот Виктор Орбан се согласи со Унгарската лекарска комора за значително зголемување на платите за лекарите во саботата, додека земјата се подготвува за понатамошен пораст на случаите на коронавирус што може да го оптоварат нејзиниот здравствен систем.

Во видео објавено на „Фејсбук “по состанокот меѓу членовите на владата и претставниците на Унгарската лекарска комора, Орбан рече дека владата го прифатила предлогот на комората во врска со зголемувањето на платите и дека ќе го достави предлог-законот до парламентот во понеделник.

На средбата се разговараше за пандемијата на коронавирусот. Јасно е дека пандемијата е во пораст и трендот ќе остане сè додека не се појави вакцина – рече Орбан.

Минатонеделниот самит во Брисел јасно стави до знаење дека не може да се очекува вакцина пред средината на 2021 година, додаде тој.

Унгaрскиот премиер вели дека болниците ќе бидат под огромен притисок во наредните 7-8 месеци, а лекарите и медицинските сестри ќе треба да дадат се од себе за и да им обезбедат соодветна грижа за сите заразени.

Владата се согласи со лекaрската комора дека таквиот напор ќе биде невозможен да се одржи без покачување на платите – рече Орбан.

Треба да се обединиме и да постигнеме голем успех во подобрувањето на платите на лекарите, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.