Во новата влада на Авганистан нема да има жени министерки, изјави портпаролот на Талибанците, Забинула Муџахид.

Муџахид за италијанскиот весник „Република“ изјави дека жените можат да работат во министерствата, полицијата или, на пример, како помошници во судството, пренесува ТАСС.

На прашањето кога ќе биде претставена новата влада, тој рече дека Талибанците ќе формираат влада за национално единство што е можно поскоро.

Ал Џазеира претходно објави дека во новата влада на Авганистан нема да има службеници од претходната администрација.

Одлуките за составот на новата влада се очекува да бидат објавени утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.