Нов Зеланд ќе почне со вакцинирање на целото свое население против Ковид-19 во втората половина на следната година. Ова ќе биде нејзината најголема програма за имунизација досега, рече премиерот Џасинда Ардерн.

Владата обезбеди две дополнителни вакцини од фармацевтските компании АстраЗенека и Новавакс и ќе има доволно дози за сите пет милиони Новозеланѓани – изјави Ардерн во Велингтон.

Претходните договори беа постигнати со Pfizer / BioNTech и Janssen.

Доколку се докаже безбедна и ефикасна, имунизацијата ќе почне со вработените во првата линија во вториот квартал од 2021 година и остатокот од населението во втората половина од годината – рече таа.

Вакцините ќе бидат бесплатни за жителите на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.