Музеите во американската држава Њујорк и теретаните во делови од државата надвор од градот Њујорк ќе добијат дозвола за повторна работа во понеделник, согласно олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на корона вирусот.
Според упатствата кои ги објави гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, максималниот број на посетители дозволени во музеите ќе се намали на 25 проценти од вообичаено, а билетите ќе важат ограничено време.
Куомо објави и дека теретаните и фитнес центрите од понеделник ќе можат да работат со третина од капацитетот, но градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио информира дека теретаните во градот ќе останат затворени најмалку до 2 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.