Повеќе од 60.000 луѓе се пријавија доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.
Повеќе од 60.000 лица доброволно се пријавија, а повеќе илјади луѓе ги поминаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1“.
Собјанин додаде дека, како дел од тестирањето, повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V“ и сите се чувствуваат добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.