Портпаролот на телекомуникацискиот оператор „А1“ во Белорусија, Никлај Бределев е уапсен, поради што Телеком Австрија и Министерството за надворешни работи во Виена реагираа со голема загриженост.
Според Телеком Австрија, кој е сопственик на „А1“ во Белорусија, нивниот тамошен портпарол е уапсен под обвинение за ширење незгодни информации за компанијата.
Покрај тоа, објавено е и понижувачко видео со лични податоци за неговиот приватен живот, соопшти концернот во Виена.
Групацијата А1 Телеком Австрија жестоко го осуди мешањето во приватната сфера на своите вработени.
А1 Белорусија има строги правила и процедури за спречување на нелегални прекршувања на безбедноста на податоците и ги истражува сите сомнежи. Ќе ги искористиме сите расположливи средства преку правни и дипломатски средства за да ги поддржиме нашите вработени во таа земја и да ги заштитиме, се наведува во соопштението.
Австриското Министерство за надворешни работи изрази длабока загриженост поради апсењето на портпаролот на „А1“ во Белорусија.
Ги осудуваме понижувачките постапки на белоруските власти. Основните права и правото на слобода на сите луѓе мора секогаш да бидат гарантирани, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.