Во германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ поради кризата со новиот коронавирус, загрозени се поголем број на работни места од очекуваното, односно 22.000 работни места.
„Луфтханза“ до неодамна тврдеше дека се загрозени околу 10.000 работници, но по преговорите со синдикатите соопштија дека има 22.000 работни места вишок.
Целта на авиокомпанијата е да се избегнат откази, со примена на пријава на скратено работно време и кризни договори.
– Без значително намалување на трошоците за вработените за време на кризата, ќе ја пропуштиме шансата за подобро да излеземе од кризата и ќе ризикуваме компанијата да излезе од кризата значително ослабена, изјави директорот за човечки ресурси, Михаел Нигеман.
Нигеман додаде дека од авиокомпанијата „Луфтханза“ прават се што е можно за да постигнат конкретен договор со синдикатите до 22 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.