Во Лондон во изминатите 24 часа се регистрирани 26.418 нови случаи на зараза, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата. Се зголемува бројот на заразени со сојот омикрон.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан прогласи вонредна состојба бидејќи бројот на случаи на заразени со вирусот корона рапидно расте.
– Многу сум загрижен поради зголемувањето на бројот на заразени и зголемениот број на приеми во болниците низ главниот град. Со прогласување вонредна состојба, лондонските агенции можат подобро да соработуваат. Ги повикувам сите граѓани да се вакцинираат и да земат бустер доза – напиша Кан на Твитер.
Во изминатите седум дена, градот пријави 65.525 случаи и забележа пораст од 29 отсто на хоспитализирани пациенти во истиот временски период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.