Додека случајот со Џефри Епстајн се одмотува, во јавноста излегуваат се повеќе неверојатни детали од животот на американскиот милијардер.

Епстајн за време на бурниот живот развил мрежа на влијателни и моќни пријатели, како Бил Клинтон, Доналд Трамп и Бил Гејтс. Во едно сведочење кое овие денови се појави во јавноста, се наведува дека во вилата на Епстајн на Менхетен, меѓу другото се наоѓа многу необична слика од Бил Клинтон.

На сликата е поранешниот американски претседател облечен во женски фустан и високи потпетици, пишува Дејли мирор.

Се претпоставува дека столицата на која седи Клинтон се наоѓа во Овалниот кабинет во Белата куќа, затоа што се види дел од грбот на претседателот и препознатливиот син тепих.

Иако некои медиуми шпекулираат дека фустанот е референца на Моника Левински, таа всушност потсетува на фустанот кој Хилари Клинтон го носела на приемот во Центарот на Кенеди во 2009 година.

Сликата е дело на австралискамериканската уметничка Петрини Рајан Клајд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.