Здравствените власти во Јужна Кореја одобрија нов тест дизајниран да открива и Ковид-19 и сезонски грип од ист примерок, што ќе им помогне на болниците во период кога ќе има на совпаѓање на корона вирусот и сезонскиот грип.

Новиот тест, што е насочен кон гените специфични и за Ковид-19 и за сезонски грип е еволуирана верзија на ПЦР тестови што се користат за откривање на корона вирус од примероци земени од носот или грлото. Лабораториите користат машини за засилување на генетскиот материјал, така што може да се детектираат дури и мали количини на вирус.

Болестите е тешко да се разликуваат според симптомите, така што дијагностицирањето за двете, со резултат за три до шест часа, би било корисно за пациентите, а исто така ќе го намали товарот врз здравствените работници – изјави високиот службеник во Министерството за здравство, Јун Таехо.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести денеска пријави 118 нови случаи на Ковид-19, повеќето од нив во густо населената метрополитенска област Сеул. Вкупниот број на национални случаи сега е 26.925, вклучувајќи 474 смртни случаи. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.