Од 16 декември во Кина не е забележан ниту еден случај на локална трансмисија на Ковид-19, објави Националната комисија за здравство.

Комисијата соопшти дека се регистрирани 14 инфицирани лица во изминатите 12 дена, но оти сите се увезени од странство, од кои седум се во Шангај, а другите во југоисточната провинција Гуангдонг.

Првпат во речиси два месеца во Кина нема локална трансмисија на вирусот, што сугерира дека воведените мерки за запирање на Ковид-19 во провинцијата Хебеи и во североисточните провинции Хеилонгчианг и Јилин даваат резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.