Во Кина се регистирани нови 22 случаи на коронавирус. Ова е зголемување на бројот на нови инфекции во однос на претходниот ден, кога беа пријавени 16 случаи на вирусот.
Од 22 нови случаи, 17 биле пријавени во провинцијата Синданг, додека пет случаи биле увезени од странство.
Пријавени се и тринаесет асимптоматски случаи.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, која започна од Кина, во земјата се регистрирани 83.682 случаи, а како резултат на инфекцијата починале 4.634 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.