Досега од коронавиусот во Кина починале 56 лица, а најголем дел од нив се над 50-годишна возраст. Меѓу починатите има и доктор кој лекувал пациенти заразени од вирусот.

Регистрирани се 1,975 случаи, а 324 од нив во критична состојба.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг вчера кажа дека Кина продолжува да се соочува со тешка ситуација додека владата се обидува да го спречи ширењето на заразата со серија мерки за ограничување на движењето на граѓаните.

Од денеска, патниот сообраќај во Вухан, епицентарот на заразата во централна Кина, ќе биде ограничен. Автобуси нема да смеат да влегуваат и излегуваат од престолнината Пекинг. Сите групни патувања, исто така, се суспендирани на неодредено за да се спречат луѓето да патуваат.

Случаи се пријавени и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, Виетнам, Саудиска Арабија, Сингапур, САД, Франција и Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.