Илјадници Украинци се собраа денеска пред катедралата Света Софија во Киев за да ја изразат својата поддршка за формирање црква независна од Москва. Во киевскиот храм од 11-от век црковниот собор на украинското православие, на кој учествуваат црковната хиерархија, свештеници и верници, одлучи да основа независна украинска православна црква.

Овој црковен собор ја реализираше историската одлука на Цариградската патријаршија, која во октомври и дозволи на Украина да има сопствена црква по 322 години под духовна грижа на Русија.

Поради таа одлука Руската православна црква ги прекина своите врски со Вселенската Патријаршија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.