Во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост.

Националниот институт за заразни болести (НИЦД) соопшти дека во земјата се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529.

Од Институтот дополнија дека се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува.

Иако податоците се ограничени, нашите експерти работат прекувремено со сите воспоставени системи за надзор за да ја разберат новата варијанта и кои би можеле да бидат потенцијалните импликации – изјави шефот на НИЦД Адријан Пурен.

Министерот за здравство Џо Фала, соопшти дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на корона вирусот.

Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски.

Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка – порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.