Во Европската унија, Норвешка и Швацјарија во јули биле поднесени околу 45.000 барања за азил, што е најголем број на барања од почетокот на пандемијата со корона вирусот.

Овие, засега, прелиминарни бројки ги објави Европската канцеларија за поддршка на азилантите (ЕАСО), која посочува дека еден месец претходно, односно во јуни, за статусот азилант аплицирале околу 40.600 лица.

Агенцијата, чие седиште е на Малта, пресметала дека има зголемен број апликации, особено од државјани на Авганистан. Еден месец пред земјата да падне под власта на талибанците, што доведе до драматичните недели на евакуација, од оваа земја имало околу 7.300 апликации, а во јуни 6.000 Авганистанци поднеле барање за азил во ЕУ, Норвешка или Швајцарија.

Од приближно 45.000 баратели на азил, 2.200 биле малолетници без придружба, а од нив дури 1.200 доаѓале од Авганистан. Пријавите од малолетници без придружба не се регистрирани во таков обем од ноември 2016 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.