Јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като соопшти дека едно лице во Јапонија што воопшто не ги посетило Вухан или Кина е заразено со новиот корона вирус, објави денеска новинската агенција Џиџи.

Јапонската влада денеска потврди уште два случаи на заболени од новиот корона вирус во Јапонија, меѓу кои и возач на автобус што воопшто не бил во централниот кинески град Вухан, каде што почна епидемијата на смртоносниот вирус на пазар за морска и живинска храна.

Пациентот е на возраст од шеесетина години.

По ова, во Јапонија сега има вкупно шест потврдени случаи на зараза од вирусот.

Министерот Като рече дека возачот во својот автобус возел две кинески туристички групи од Вухан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.