Во Израел е откриен првиот случај на зараза со новиот вид на корона вирус Б. 1.1.529, кај граѓанин кој се враќал од Малави.

Видот на корона вирус, откриен во неколку земји во јужна Африка, е пронајден во Израел кај граѓанин кој се вратил од Малави. Покрај тоа, постојат сомневања за уште два случаи на зараза кај странски државјани кои во моментов чекаат тестови во изолација – се вели во соопштението на прес-службата на израелското Министерство за здравство.

Агенцијата ДПА претходно јави дека во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на корона вирусот која предизвикува загриженост.

Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера четвртокот Националниот институт за заразни болести (НИЦД). Оттаму додадоа дека се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.