Израел, светскиот лидер по бројот на вакцинирани против коронавирусот, забележа најголем дневен број заразени со ковид-19 во последните три месеци. Бројот на смртните случаи не е во пораст, пишува „Гардијан“.

Израел се обидува да го сузбие ширењето на делта сојот, а властите во оваа земја планираат да и вакцинираат и децата. Размислуваат и за воведување поостри санкции за патување во најголемиот аеродром во земјата.

Во изминатите две недели е забележан само еден смртен случај од компликации од ковид-19. Пријавени со 307 новозаразени, што е рекорд во последните три месеци. Еден ден порано се регистирани 293 новозаразени.

Израел има 9,3 милиони жители, а две дози вакцина против ковид-19 примиле 5,1 милион луѓе. Уште 400 илјади возрасни примиле една доза.

Израел планираше денеска да ги отвори границите за сите вакцинирани туристи, но по растот на бројките на новоразени во последните 10 дена, Владата таа одлука ја одложи за 1 август.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.