Во пристаништето Ливорно откриени и запленети се 650 килограми кокаин, соопшти денеска италијанската полиција.
Дрогата е откриена пред две недели во контејнер со кафе, а уличната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 130 милиони евра.
Кокаинот бил скриен во контејнер со кафе, кое било наменето за компанија во Мадрид, а требало да биде испорачан во Барселона. Товарот испловил од Хондурас, а пред да го помине Атлантски Океан во Костарика бил префрлен на друг брод.
При заплената на кокаинот никој не е уапсен. Полицијата претпоставува дека кокаинот бил наменет за криминалната група Ндрангета од Калабрија, која е најголем увозник на кокаин во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.