Најголемата добивка во историјата на италијанската популарна лотарија, „Супер Еналото“, вредна 209 милиони евра, беше остварена во средата, а добитно е ливче купено во местото Лоди.

Добитникот за две евра го купил ливчето во барот „Марино“, а тоа му донело среќа и феноменална награда, објави агенцијата „Анса“.

Оваа добивка ги надминува лотариите „Еуромилиони“ и „Еуроџекпот“ каде најголемата сума беше 75 милиони, како и американските „Мега Милиони“ и „Пауербол“, каде беа извлечени добивки од 65 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.