Во Италија е покрената истрага проти 44 затворски полицајци кои се обвинети за употреба на прекумерна сила и за тортура врз затвореници, јави италијанската новинска агенција АНСА.
На почетокот од април избија бунтови во неколку италијански затвори. Осудениците заедно со членовите на нивните семејства, кои протестираа пред затворите, барааа подобра заштита во време на пандемија со Ковид-19.
Членовите на семејствата на затворениците и здружението Антигона, кое ги застапува интересите на осудениците поднесоа обвинение против управата на затворот Мариа Капуа Ветере. Тие тврдат дека околу 400 полицајци употребиле прекумерна сила врз арестантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.