Во Италија денеска порасна бројот на заразени и починати, односно има 1.444 заразени за разлика од вчерашните 1.075 и 369 починати, во однос на вчерашните 236.
Како што соопшти Агенцијата за цивилна заштита, а пренесе Ројтерс, од појавата на епидемијата во Италија починаа 29.684 луѓе, што ја става Италија на трето место зад САД и Велика Британија
Бројот на потврдени случаи од корона вирус до денеска е 214.457, но бројот на тешко болни падна за разлика од вчера и изнесува 1.333.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека до денеска тестирани се 1.550.000 луѓе во Италија, која има 60 милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.