Италија постави нов дневен рекорд по бројот на заболени од Ковид, откако вчера беа регистрирани 98.030 нови случаи, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Тоа е зголемување за речиси 20.000 случаи во однос на вторникот, потсетува Ројтерс.
Во претходните 24 часа во Италија починале 148 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, Италија има регистрирано 137.091 пациенти кои починале од Ковид и е втора во Европа по број на починати, по Велика Британија и деветта во светот.
До денес, Италија има регистрирано 5,85 милиони случаи.
Бројот на хоспитализирани е 10.548, не сметајќи ги пациентите од интензивна нега, пренесува Танјуг. На интензивна нега се примени уште 126 пациенти, а вкупниот број на лица кои лежат на ова одделение е 1.185.
Претходниот ден во Италија се направени 1,03 милиони тестови за ковид, додаде Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.