Жена од Холандија стара 107 години се излекува од коронавирус и најверојатно ќе биде најстариот пациент излекуван од оваа болест.
Корнелија Рас се разболела на 17 март, еден ден откако наполнила 107 години.
Рас се заразила од вирусот на литургија на која присуствувала заедно со останатите корисници на домот за стари лица каде што живее.
Откако ги тестирале, било потврдено дека 40 лица се заразени со Ковид-19, од кои 12 починале.
Лекарите потврдија дека таа е излекувана и дека самостојно се движи.
Претходно, најстариот пациент излекуван од коронавирус беше Американец, стар 104 години, како и една Италијанка на возраст од 101 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.