Во Германија се потврдени речиси 20.000 новизаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на луѓе заразени со Ковид-19 се искачи на 597.583.

Како што соопшти германскиот Институт „Роберт Кох“, во изминатите 24 часа регистрирани се 19.990 новозаразени лица, што е најголем број од почетокот на епидемијата.

Бројот на смртни случаи во изминато деноноќие се зголеми за 118 и изнесува 10.930.

Во Германија од понеделникот во сила е делумно затворање, а министерот за здравство Јенс Шпан апелира до граѓаните да се подготват за тешки времиња.

Во цела Германија затворени се угостителските објекти, културните институции и забранети се сите облици на собири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.