Германската компанија за продажба на билети за концерти и други настани „ЦТС Евентим“ има намера да ги условува сите што сакаат да одат на концерти со вакцинација против коронавирусот.

Кога има доволно вакцини, и кога сите можат да бидат вакцинирани, тогаш на организаторите на настаните треба да им се даде можност да ја постават како услов вакцината за присуство на тие настани – изјави шефот на „Евентим“, Клаус-Петер Шуленберг.

Тој за економскиот весник „Виртшафтсвохе“ изјави дека неговата компанија веќе ги утврдила соодветните технички предуслови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.