Цо Германија се воведуваат нови мерки поради ширењето на омикрон.
Tие ќе стапат на сила на целата територија на Германија во вторник. Во целата држава важи правилото за собирање најмногу на десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани.
Ако меѓу овие лица има невакцинирани лица, тогаш важи правилото дека насобраните можат да бидат едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство.
Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени до 200 луѓе само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го прележале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар.
Од денеска се затворени и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.
Во новата 2022 година се очекува овој сој да доминира во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.