Во германските болници моментно околу илјада заболени од коронавирус се наоѓаат на интензивна нега, покажуваат објавените податоци од Здружението на германски болници ДКГ.

Во домашна изолација се лекуваат околу 4.000 пациенти, на кои им е потребна нега – истакна претседателот на Здружението, Гералд Гас.

Тој за медиумите изјави дека во следните денови се очекува значителен раст на бројот на инфицирани лица.

Мислам дека до крајот на оваа недела ќе не очекува бројка од околу 70.000 регистрирани случаи – нагласи Гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.