Во Франција повторно е воведен полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.

Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.

Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.