Во Европа беснее епидемија која нема никаква врска со коронавирусот, а експертите велат дека „не се гледа крајот“.
Според Јутарњи лист, ова е најлошата епидемија на птичји грип досега, покажуваат податоците на истражувачкиот институт на германската влада.
Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа, соопшти Институтот „Фридрих Лофлер„ (ФЛИ), федерален истражувачки институт во Германија за здравје на животните.
Секојдневно се откриваат нови случаи и не се засегнати само дивите птици, вели институтот и додава: „Не се гледа крај. Засегнатите земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“.
Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.
Само во Германија, 394 случаи се откриени кај диви птици, вклучувајќи патки, гуски, лебеди и галеби, а 46 случаи се пријавени на германски фарми.
Она што е уште позагрижувачко е што случаите се откриени кај цицачите, на пример кај црвените лисици во Холандија и Финска, сивите фоки во Шведска, пристанишните фоки во Германија и видрите во Финска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.