Европска Унија доби околу 33 милиони дози вакцини против Ковид-19, изјави денеска претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Вакцинацијата напредува, во моментот се доставени околу 33 милиони дози, 22 милиони луѓе веќе добија една доза, а седум милиони луѓе веќе примија две дози, посочи Лајен.

Таа додаде дека ЕУ планира да ја забрза вакцинацијата следните недели и месеци додавајќи дека се одобрени за употреба вакцини од други три компании.

Досега во ЕУ се одобрени вакцините на Фајзер/БиоНтек, од кои се купени 600 милиони дози, на Модерна – 160 милиони дози и на АстраЗенека – 400 милиони дози.

Покрај троа ЕК склучи договори за достава на вакцини во ЕУ на Џонсон и ЏОнсон, на Санофи-ГСК и на КјурВак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.