Само речиси еден процент од Данците биле во контакт со новиот коронавирус и развиле антитела што значи дека постои голема опасност од втор бран на епидемијата, соопштила агенцијата задолжена за надзор на заразни болести при Министерството за здравство на Данска.

Првичните резултати од студијата се објави во период кога данскиот парламент одлучи да се премине во нова фаза од отворање на земјава.

Во студијата по случаен избор биле избрани 2 500 граѓани, а од досега 1 700 се согласиле на доброволно тестирање за да се утврди дали кај нив има присуство на антитела. Од нив, кај нешто помалку од 1 процент односно кај 12 лица биле пронајдени антитела.

Сепак, агенцијата нагласува дека станува збор за прелиминарни резултати и дека сè уште не може да се каже дали тие резултати ја даваат сликата за целокупната популација во земјава.

Но, дел од данските експерти сметаа дека резултатите се загрижувачки затоа што покажуваат дека Данска може да биде на удар на втор бран.

„На колективно ниво немаме отпорност на вирусот и тоа значи дека постои потенцијал за повторно избувнување на епидемијата“,

изјавил Јенс Лундгрен, специјалист за заразни болести.
Во Данска досега се дијагностицирани 11 117 случаи со ковид-19 од кои 9 536 се излекувале, а 554 починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.