Училиштата во Данска кои беа затворени еден месец поради епидемијата со корона-вирусот, утринува делумно се отворени, јавува агенцијата „Франс прес“.

Данска е прва европска земја која повторно ги отвора предшколските установи и основни училишта по воведување на рестрикциите на 12 март.

Наставата продолжува во половина дански општини и 35 отсто од установите во Копенхаген. Другите побараа повеќе време за прилагодување на правилата за здравствена заштита.

Се очекува сите претшколски и школски установи да бидат отворени до 20 април.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.