Во најмалку четири градови и еден округ во Кина локалните власти забранија прослава за Божик. Христијанскиот празник се прославува како некој вид потрошувачки фестивал во поголем дел од земјата, а огромните новогодишни елки ги красат трговските центри во Шангај и Пекинг.

„АП“ наведува дека и покрај тоа, на властите на кинескиот град Нанјанг им биле потребни 24 часа за од локалниот шопинг центар и канцеларискиот комплекс на 27 ката, целосно ги остранат сите божикни обележја: елки, лампиони и ѕвончиња.

Според зборовите на Ма Џун, вработена во една од фирмите во згарадата, не било поштедено дури ни огромното плишано мече кое се наоѓало на влезот.

„Сѐ е острането и исчистено“, рече таа.

„АП“, наведе дека со владеењето на Комунистичката партија на Кина, сѐ поголемо внимание се посветува на традиционалната култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.