Во Бугарија од вечерва почнува забраната за влез во државата на автомобили со руски регистарски таблички, изјави началникот на граничната полиција Антон Златанов.

„Работевме многу активно од четврток до вчера. Сигурен сум дека до крајот на денот ќе стапи на сила забраната за влез на руски автомобили и на територијата на Бугарија, а сакам да додадам дека за камиони функционира веќе неколку месеци“, изјави шефот на граничната служба, пренесе бугарскиот весник 24 часа.

Според него, забранет е и превозот на стока.

Златанов не прецизираше колку автомобили месечно влегуваат во Бугарија, но додаде дека „нема многу“.

Забраната ЕК ја воведе на 11 септември и веќе е во сила во Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Финска, а од денеска и во Норвешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.