Во Бразил ковид-19 коси, а најпогоден е Сао Паоло. Во болниците место за кревети повеќе нема, а пациентите умираат по ходниците. Локалните власти тука инсистираа на носење маски, но сепак бројот на починати е шест илјади, а заразени се повеќе од 76 илјади.

Болеста најмногу се прошири во малите фавели, чии улички се тесни и густи, поради што заразата од овој дел од градот многу брзо се пренесува. Но, луѓето тука се изолирани, а право на бесплатно тестирање имаат само заболени кои имаат по три симптоми. Затоа, многу случаи остануваат неоткриени, и според жителите тестирањата се обиќно кога болниот е веќе во одмината фаза на болеста. Во најголемата фавела неделава е изградена полска болница, каде луѓето ќе можат побрзо да ја добијат медицинската помош.

Во брдата над Сао Паоло, на гробиштата има бескрајно нови ровови, и погреби се одржуваат на секои десет минути.

Бразил имаше два месеца да види како пандемијата влијае на целиот свет, но доказите за ширењето на КОВИД 19 и ужасот кој го носи, не влијаеше на власта. За претседателот Жаир Болсонаро, ковид 19 е мал грип, и ги повика фирмите повторно да се отворат. Бразил од вчера ја надмина и Русија и е на второ место во светот со над 365 илјади заразени. За 24 часа регистрирани се нови 16 илјади, а во истовреме бројот на починати достигна 23.000. Бразилските научници се надеваат дека новиот тест кој го открија ќе помогне болеста да се открие пред време, без да покаже лажно негативен резултат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.