Одделението за интензивна нега во болницата  во Бергамо, првпат од почетокот на епидемијата, почната на 23 февруари, нема пациенти со Ковид-19, соопшти болницата.

Одделнието за интензивна нега цели 137 дена имало пациенти кои страдале од Ковид-19.

Бергамо беше и меѓу италијанските градови и региони што се најпогодени од епидемијата, пренесува AНСА.

Во екот на кризата болницата во Бергамо во исто време имаше и до 100 пациенти на респиратори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.