Полицијата во Берлин уапсила човек осомничен за канибализам и убиство од сексуални мотиви. Апсењето се случило откако полицијата пронашла човечки коски во градскиот парк.
Полициските форензичари соопштиле дека жртвата е 44-годишен маж, кој исчезнал пред два месеца. Минувачи низ паркот Бух ги пронашле човечките коски на 8. ноември.
Кучиња трагачи и помогнале на полицијата да стигне до осомничениот, 41-годишен професор по математика. Од полицијата соопштиле дека на едната пронајдена коска немало месо, а имало и други индиции дека пронајдениот Стефан Т. бил жртва на канибал.
Осомничениот убиец, за кого полицијата ги објави неговото име и првата буква од презимето – Стефан Р., присуствувал на „релевантни разговори на Интернет“.
Жртвата, инаку електроинженер, го напуштил својот стан на 5 септември нешто пред полноќ и не се вратил. Неговите цимери подоцна пријавиле дека исчезнал.
Германските медиуми го споредуваат случајот со случајот на Армин Мејвес, канибал, кој во 2006 година е осуден на доживотен затвор. Тој ја запознал својата жртва на разговор преку Интернет посветен на луѓето заинтересирани за канибализам.
Тој го снимил убиството на камера, а обвинителите откриле дека 44-годишниот Мејвес ја убил својата жртва, 43-годишен маж, за да го задоволи својот сексуален нагон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.