Берлин е познат како град отворен кон велосипедистите, но нивниот брз подем за време на пандемијата почна да предизвикува тензии на улиците.
Велосипедизмот е корисна активност за квалитетот на воздухот и јавното здравје, но во исто време полицијата бележи нагло зголемување на бројот на прекршоци извршени од велосипедисти и се поголем број на поплаки од пешаци за нивното однесување.
Станува сè полошо и полошо. Велосипедистите почнуваат да ме загрижуваат повеќе од автомобилите – Бернд Лехнер, 40-годишен службеник, кој во неколку наврати за влакно избегнал удар, откако во последен момент успеал навремено да се тргне пред налетот на велосипедист во полна брзина.
Лехнер вели дека веќе му здодеало агресивното однесување на велосипедистите во германската престолнина.
Порастот на велосипедисти во градот предизвикаа дебата за нивното однесување во градот.
Тие нè туркаат, нè навредуваат. Многумина мислат дека се подобри луѓе само затоа што возат велосипед. Таа анархија мора да запре – напиша неодамна дневниот весник „Тагесшпигел“.
Шефицата на берлинската полиција, Барбара Словик, дури објави предлог за задолжителна регистрација на велосипедисти, што ќе им олесни на властите да ги идентификуваат прекршителите.
Во повеќе од 50 проценти од сообраќајните несреќи во кои се вклучени велосипедисти, се виновни самите тие – вели Словик.
За таквото возење некои од велосипедистите плаќаат и со своите животи, па така 17 велосипедисти загинале во берлинскиот сообраќај минатата година. Во 2019 година, имако шест жртви.
Во меѓувреме, Ранхилд Соренсен од невладината „Changing Cities“, тврди дека критичарите се обидуваат да ги понижат велосипедистите за да го свртат вниманието од доцнењето во изготвувањето на новата стратегија за транспорт.
Соренсен посочува дека во Берлин има три милиони велосипеди во споредба со 1,1 милион регистрирани автомобили.
Велосипедистите во Берлин сочинуваат 18 проценти од учесниците во сообраќајот, а имаат на располагање само три проценти од јавниот простор. Агресијата се случува кога просторот е претесен, што природно доведува до дополнителна напнатост – вели Аника Менкен од здружението „Verkehrsclub Deutschland “(VCD).
За споредба, автомобилите сочинуваат 33 проценти од уделот во градскиот сообраќајот, но зафаќаат 58 проценти од просторот.
Од берлинската полиција, пак, реагираат дека едноставно е невозможно насекаде да се направат велосипедски патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.