И покрај период на стабилизација во Белгија откако беа донесени нови рестриктивни мерки на крајот на март, земјата повторно бележи мало зголемување на бројот на новозаразени, јави дописничката на МИА од Брисел.

Нејасно во овој момент дали растот на бројката на новозаразени се должи само на тоа што се ефектуираат повеќе тестови, или дали за време на велигденските празници се правеле помалку тестови, што довело до потценување на интензитетот на епидемијата, објаснуваат здравствените власти.

Ќе треба да се почека уште неколку дена за да се потврди каков е трендот на кривата.

Стапката на репродукција на вирусот е на 0,99. Кога оваа стапка надминува еден значи дека заразата забрзано се шири.

Белгиските болници сѐ уште се преоптоварени, предупредија властите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.